Жена заробена во урнатините во Турција преку социјалните мрежи повика на помош.
„Спасете ме, ве молам“, пишуваат бројни статуси кои кружат на „Твитер“, додека корисниците во коментарите се обидуваат подетално да објаснат каде се наоѓа објектот во кој се потрупани.
.
Под сликата на жена затрупана во урнатините пишува: „Чекам помош“.
Граѓаните на Турција, кои останаа заробени во урнатините по разорниот земјотрес што синоќа го погоди југот на оваа земја, на социјалните мрежи почнале да објавуваат статуси и фотографии на кои ги молат спасувачите за помош, јавува „Телеграф“.
„Дејли мејл“ наведува дека од уништените згради се слушаат повици на преживеаните кои ги повикуваат спасувачите на помош за да ги извлечат од под урнатините.