Осумдесет и едногодишната, Ирис Џонс од Велика Британија се омажила за триесет и шестгодишниот, Мухамед Ахмед Ибрихам во ноември минатата година, откако во 2019-та се запознале на Фејсбук. Таа отишла до Египет за да може да го види и во живо. Оттогаш Ирис редовно ја искажува љубовта кон својот сакан преку социјалните мрежи – пренесува The Sun.
Во една од своите најнови објави таа откри што значи љубовта за неа.
„Љубов е кога оној кој го сакате, ви ги сече ноктите. Кога оној кој ве сака ќе ве однесе на другиот кат кога лифтот ќе се расипе. Кога со часови го бара мобилниот телефон кој сте го заборавиле во такси. Љубов е кога оној кој го сакате спие на болничкиот под и одбива да си отиде додека не се опоравите. Кога бев проблем ги слуша моите приговори за жештината во Египет“, напиша Ирис во својата објава.
Таа додава дека трпението, разбирањето, одлучноста и вниманието кое и’ го пружи Мухамед, се причините поради кои толку многу го сака. Ирис се развела од својот поранешен сопруг пред 14 години, а со него има два сина. Тие прво биле скептични за нејзината врска со Мухамед, но Ирис вели дека мислењето им се променило откако го запознале.
Иако стапиле во брак, Мухамед и Ирис биле принудени да бидат разделени додека Ирис се труди да обзбеди виза за својот брачен партнер за да можат заедно да живеат во Велика Британија. Со оглед дека не е сигурно кога ќе се видат повторно, Ирис вели дека разделбата тешко и’ паѓа.
-Има денови кога цело време само плачам. Разделена сум од оној кој го сакам и тоа е многу тешко. Немам време вака да го поминувам нашиот брак и неговите адвокати тоа го знаат – раскажала таа. Мухамед кој е 45 години помлад од Орис, е благодарен што воопшто ја запознал.
Бев многу нервозен, но во моментот кога ја погледнав знаев дека тоа е вистинска љубов. Многу сум среќен што пронајдов ваква жена – додал тој.
Извор: espreso.co.rs