Многумина сметаат дека социјалните мрежи им прават „лоша услуга“ на децата. Американскиот лекар Вивек Марти, во таа смисла, предупредува дека и 13-годишниците се премногу млади за да го користат тој интернет-простор.
– Во времето кога се обликуваат мислите за самопочит, значајно е каков облик ќе добијат тие мисли. Кога имавме опасни возила на патиштата, донесувавме закони за да ги направиме помалку опасни. Треба да донесеме одлуки и за социјалните мрежи да ги направиме поздраво искуство што ќе ги натера децата да се чувствуваат подобро за себе и помалку осамени, истакна тој.
Возрасните упатства за Инстаграм, Твитер и Снепчет се поставени на 13 години. И Тик-ток им дозволува на лица под 13-годишна возраст да се приклучат, но некои од услугите се ограничени, со цел заштита од злоупотреби.
Последиците на социјалните мрежи врз тинејџерите беа во средиштето на вниманието во 2021 година, на пр., откако протече доверлив извештај за истражување на Инстаграм во којшто се наведува дека „една од три девојки го обвинуваат Инстаграм за влошување на проблемите“ со својата слика за телото.
МИА