Шпанскиот моден дизајнер, Пако Рабан почина на 88-годишна возраст.
Тој е роден во 1934-та година. Својата модна кариера ја почнал со креирање накит за Живанши, Диор и Баленсијага, а сопствената модна куќа ја основал во 1966-та година.
Рабан е познат по зеленит костим кој го носеше Џејн Фонд во научно-фантастичниот филм Барбарела од 1968-та година. Таа година тој почна да креира и парфеми за компанијата Пиуг. Осум години подоцна неговата компанија изгради и фабрика за парфеми во Франција. Рабан беше познат и по прилично ексцентричните изјави. Неколку пати тврдеше дека проживеал повеќе животи и дека го познавал Исус. Зборуваше за тоа дека го видел Бог три пати, но и дека го посетиле вонземјани. И покрај бројните контроверзни изјави, тој продолжи редовно да се појавува во медиумите.