Кога децата се мали и не зборуваат течно, тие не умеат да објаснат што точно им треба, па затоа е важно родителите да не занемаруваат доколку забележат некаков симптом, некаква изненадна промена во однесувањето или расположението.
Во тоа се уверила и една мајка по име Еми Џексон, која својата приказна ја споделила со корисниците на ТикТок. Нејзиното искуство за кратко време стана витално и предизвика многубројни реакции и дебати на теба – дијагностика на потенцијални заболувања.
„Ќеркичката Зои беше настината и секако дека веднаш ја однесов на лекар. Тој контатираше настинка и советуваше да почекаме додека не се опорави, како и да одмора цело време“, ја почнува својата приказна Џексон, чие дете има шест месеци.
Меѓутоа на нејзината ќеркичка не ѝ било подобро ниту кога се вратиле дома, а тоа било сигнал дека нешто сепак не е во ред.
„Зои продолжи да спие откако се вративме од лекар. Тоа не беше мојата Зои! Најверојатно ѝ се спиело, главата буквано ѝ паѓаше и заспа неколку пати дури и во движење, а сето тоа ми беше многу чудно. Повторно се јавив во болницата, но ми рекоа дека поспаноста е номална појава кај ваква состојба и дека тоа е особено изразено кај мали деца. Иако ми рекоа да седам дома и да го оставам детето да спие, нешто не ми даваше мир. Знаев дека нешто не е во ред“, раскажува мајката.
На крај испаднало дека мајчинскиот инстинкт не може да биде погрешен.
„Со оглед на тоа дека немав мир, се вратив во болницата, иако детето се уште беше поспано. На мое инсистирање ѝ направија дополнителни анализи на крвта и видоа дека нивото на шеќер во крвта е премногу ниско. Недај Боже ситуацијата можеше да има фатален исход. Веднаш ја приклучија на инфузија и доби соодветна количина на шеќер, бидејќи нивото паднало поради вирус. По инфузијата, мојата Зои повторно беше онаа старата. Никогаш не го игнорирајте мајчинскит инстинкт“, порача мајката.