Владата од жителите на селото Лабуништа побараа рок од две до три недели, потребни за да се донесе одлука за судбината на каменоломите коишто повторно им го уништуват здравјето.
Претставници од Лабуништа минатата недела беа повикани на состанок во Владата, но откако жителите се заканија дека нема да ги пуштат децата на училиште доколку не се реши нивниот проблем, зошто и по поднесените бројни претставки немаа никаков одговор ниту реакција од Власта, беа повикани на разговор.
„ На состанокот беше и Министерот за економија Крешник Бектеши како и потпретседателот на Владата, Артан Груби. Побараат од нас разумен рок да се остави инспекторатите за животна средина и техничка инспекција да го завршат увидот за да се најде основа за постапување по нашето барање,“ вели секретарот на МЗ на село Лабуништа, Јасмин Казимоски.
Има две можности, вели Казимовски, да се укинат концесиите или да се изврши дислокација на постоечките важечки концесии.
„Раскинувањето на концесиите е малку веројатна варијанта и најверојатно ќе се оди на дислоација. Имано како што не информираа, МИ-ТРАНС, еден од концесионерите веќе поднел барање за дислокација. Ние немаме против ниту една фирма концесионер, ние само се бориме за нашето здравје и за нашето земјиште ,“ додава Казимоски.
Засега жителите прифатија да се почекаат одлуките на Владата по завршување на инспекциите, но нема да бидат премногу толерантни, радикалните мерки ќе се активираат доколку се и понатаму остане на зборува.