Централниот Комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Делчев при што беа донесе повеќе заклучоци.
– Патриотскиот Институт и целото раководство во пресрет на одбележување на родниот ден на македонскиот херој Гоце Делчев ќе организира стража и целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев. И ги повикуваме сите граѓани почитувачи на делото на Делчев да изразиме заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот, рече Александар Пандов.
ЦК на Патриотскиот Институт донесе повеќе заклучоци и тоа најпрво го осудувија, како што рекоа, шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика.
-Упатуваме отворен повик до владата за поенергично реагирање во однос на негаторската политика и преземање на адекватни мерки кои ќе обезбедат почитување на нашиот идентитет и посебност. Секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата. Наместо констатации, анализи и седење со скрстени раце на државниот врв кој кажа дека провокациите се дело на агентурни мрежи, да се преземат чекори на власта кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди. Гоце е Македонија и Гоце припаѓа на светот. Упатуваме повик до македонскиот народ, македонската Влада и сите добронамерници за достоинствено поклонување на гробот на Македонецот Гоце Делчев, рече Пандов.