Здраво и вкусно јадење
Состојки:
(за 4 лица)
- 4-5 лажици маслиново масло
- 1 кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 150 грама тиквички
- 100 грама шери домати
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка сув зачин
Состојки за кускус:
- 140 грама кускус
- 280 мл вода
- 1 лажичка сол
Подготовка:
Во загреано маслиново масло, пржете ситно исецкан кромид и лук. Додадете исечена на ленти црвена и зелена пиперка и тенко исечен морков. Крчкајте неколку минути додека малку не омекнат. Потоа додадете исечени тиквички по должина , сол и сув зачин . Крчкајте кратко, околу 5 минути, потоа додадете ги исечени на половина шери доматите.Оставете сè да крчка уште 5-6 минути. Во мал сад, ставете вода, сол и маслиново масло да зоврие. Прелијте го кускусот, измешајте, покријте и оставете да отстои 5 минути, не повеќе. Потоа добро размешајте го со вилушка за да не остане во грутки. Додадете го кускусот во зеленчукот и измешајте сè за да се соединат состојките и да се вклопат вкусовите.
Сервирајте со зелена салата