Штипјани нашле повреден штрк, па го однеле во ЗОО Паркот Бриони, објавија од штипското ЈП Исар на социјалните мрежи:
- Вчера вечер во ЗОО Паркот, совесни граѓани од Штип донесоа повреден штрк кој бил најден во канал, во многу лоша состојба и со повреда на едната нога. Од наша страна истиот е прегледан од страна на ветеринар и е започнато со негово лекување, а во меѓувреме е испратен допис до здруженија за заштита на животните за доколку има можност и поголема стручност истиот да го згрижат. До тогаш истиот ќе биде во нашата зоолошка со соодветна грижа и нега за истиот, се вели во соопштението од ЈП Исар.
(К.М.)