Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, со МВР ќе поднесат соодветни пријави кон човекот кој вчера влечел куче за автомобилот, а потоа го фрлил во дол.
-По телефонско јавување од МВР -СВР Крива Паланка дека на магистралниот пат патничко моторно возило влече врзано куче, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе на терен и спроведен надзор. Со надзорот, кучето најдено е живо фрлено во дол и за негово извлекување ангажирана е противпожарна екипа од Крива Паланка, информираат од АХВ за Канал77 и додаваат:
-Од страна на ветеринар од надлежно ветеринарно друштво извршен е преглед на кучето и негово терапирање. Во моментов кучето за кое со прегледот е утврдено дека нема микрочип ( нема едидентирано сопственик) е во стабилна состојба и истото сде чува од физичко лице по што ќе биде сместено во прифатилиште. Од страна на МВР најден е возачот на возилото со кое било влечено кучето. Против него МВР и АХВ ќе поднесат соодветни пријави, информираат од АХВ.