Вчера во кривопаланечкото село Жедилово куче било влечено за автомобил, па потоа фрлено во коритото на Крива Река. Очвидци повикале полиција, а потоа на терен излегле пожарникари, кои го спсиле кучето.
-За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на животните. По добиената дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место, го извлековме кучето и предадовме на надлежните институции. Кучетоо претходно било малтретирано, има повреди по телото, па потоа фрлено во коритото на Крива Река, велат од Територијалната противпожарна единица во Крива Паланка.

Од објавени слики на Фејсбук се гледа дека ова куќе претходно било влечено со автомобил, а потоа фрлено. Но, за среќа, благодарение на брзата интервенција на МВР и АХВ кучето е спасени, одземено, згрижено и е во стабилна состојба.
Осве тоа се апелира и доколку некој сака да го вдоми, тоа може да се направи следната недела додека да закрепне од траумата. Лицето кое го изврши ова грозоморно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки и од страна на АХВ и од страна на МВР, пишува во објавите на Фејсбук.
ММС побара информација и од Агенцијата з храна и ветеринарство, но од таму се уште нема одговор.