Во вторникот доцна вечерта, во куќа во предградие на градот Санта Круз де ла Сиера, боливиската полиција пронашла три тела завиткани во црни кеси и залепена селотејп. Командантот на полицијата на Роландо Рохас, потврди дека телата се со знаци на насилство.
„Вчера (вторник) вечерта, во близина на авенијата Лос Кусис (населба Петролеро Норте), беа пронајдени три безживотни тела, луѓе кои по насилен пат ги загубија животите“, објасни Рохас за медиумите.
Командантот исто така изјави дека починатите се испратени во мртовечница на обдукција и дека случајот е во фаза на истрага.
„На телата на починатите беа забележани повреди; сепак, немаме извештаи дека овие лица се исчезнати “, рече полицаецот, појаснувајќи дека во овој случај се уапсени четири лица.
Верзијата на командантот ја потврди директорот на Фелцк, Густаво Астиља, кој исто така нагласи дека се анализира националноста на трите жртви. Дел од боливиските медиуми напишаа дека се работи за Срби, додека српска „Политика“ објави дека се двајца српски државјани и еден Македонец, чиј идентитет засега е познат како Дејанчо Л.
Полицијата во Боливија оценува дека според начинот на кој биле најдени телата, биле подготвени да бидат погребани или некој сакал да се ослободи од нив.
Сосед од куќата каде што се случило крвопролевањето тврдел дека слушнал вресоци, па дури и истрели, сепак, обезбедувањето тврди дека слушнале само гласна музика и некои расправии, но ништо повеќе.
Меѓу тезите што ги разгледува полицијата е и можното израмнување на сметките за трговија со дрога , со оглед на условите во кои беа пронајдени трите тела.