Вчера вечерта Дојран дишеше во знакот на филмот. Публиката се воодушеви од филмот „Дневикот на машиновозачот“, драмата со големи примеси на комедија , во главна улога на Лазар Ристовски, кој година е лауереат на наградата „Мето Јовановски“, на фестивалот „Преку езерото“.
Филмот ја третира темата на машиновозачите и траумата што ја имаат поради неизбежната појава на прегазување на луѓе на железничките пруги, од кои најмногу самоубиства.
Но не само од филмот, публиката беше воодушевена и од самиот актер, коај по проекцијата му поставуваше прашања.
И нормално, прашањето- од каде толку го познава животот на мажиновозачите за да толку добро ја донесе улогата?
-Татко ми беше железничар, а на Милош Радовиќ, синот на познатиот писател Бранко Радовиќ, дедо му бил машиновозач и зато имвме големо предзнаење. Знам дека на секој машиновозач му се случува прегзување на луѓе, не по негова вина, и тоа се многу трауматични работи, влијаат психолошки врз него, а со тоа мора да живее. Машиновозачот треба да почне да кочи 700 метри пред да застане. Ќе кажам една случка. Пред некоја година филмот се прикажуваше во Хаг и во публика имаше многу машиновозачи кои поставуваа прашања. Отпосле сфативме дека половина сала биле машиновозачи. А токму во тој град најголема е смртноста од фрлање под воз. И дента кога требаше да летаме назад во Србија – некој се фрлил под воз, рече Ристовски.
Наградата „Мето Јовановски“ ќе му биде врачена на Ристовски вечерва во 20 часот. Потоа ќе бидат презентирани победниците од ланската програма за развој и продукција на студентски и дебитантски филмови.
Од официјалната програма ќе биде прикажан хрватскиот филм „Кога завршува летото“ во режија на Данис Тановиќ.
Фестивалот „Преку езерото„ ќе трае до вторник.