Дин Кејн, кој го глумеше Супермен во ТВ-серијата од 1990-тите – „Лоис и Кларк: Новите авантури на Супермен“, им откри на обожавателите дека се пријавил како службеник во федералната Агенција за имиграција и царинска контрола на САД (ИЦЕ). Глумецот тоа го соопшти и во видео на својот интернет-простор.
– За оние кои не знаат, јас сум службеник за спроведување на Законот под заклетва, а напоредно и филмаџија, па сметав дека е важно да им се придружам на нашите први одговорни лица, за да помогнам во обезбедувањето на безбедноста на сите Американци, а не само да зборуваме за тоа. Значи, се придружив, рече 59-годишниот Кејн.
JOIN ICE!!
We need your help to protect 🇺🇸 pic.twitter.com/cXcUaDcDhY
— Dean Cain (@RealDeanCain) August 5, 2025
Тој ги повика и своите следачи да ѝ се придружат на ИЦЕ, со што ќе имаат придобивки, вели, и за заедницата, и лично за себе.
„Приклучете ѝ се на ИЦЕ. Ни треба Вашата помош за да ги заштитиме САД“, напиша американскиот глумец над видеото.
Смета дека така ќе ѝ се помогне на Америка, и ќе се сочува безбедноста на татковината и на своето семејство.