Дирекцијата за заштита и спасување информира дека денес во Крушево имало акција за спасување на повреден параглајдерист.
-Денес доцна попладне од полициската станица Крушево бевме информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото. Несреќата се случила во близина на Крушево. Бидејки локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој во моментов се движи кон местото на несреќата, информираат од ДЗС.