МВР информира за акција во која се уапсени тројца дилери на дрога.
-На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР и додаваат:
-На 06.08.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршија претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип. При претресот е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.