Утре во 14 часот во црквата „Св. Јован Крстител“ во населбата Аеродром во Скопје, која се наоѓа кај мостот Близнаци, а која е изградена под ктиторство на семејствот Чифлиганец, ќе бидат изложени посмртните останки на прерано починатиот Душко Чуфлиганец.
Според информацијата од „Адора бизнис груп“, опело ќе одржат свештени лица предводени од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан
Душко Чифлиганец беше заменик председател на „Адора бизнис груп“, загина на трети август по сериозна повреда откако падна со мотор на трка во Брно, Чешка. Во критична состојба беше пренесен во болница, но следниот ден им подлегна на повредите.
ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025)
На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.
Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.
Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.
Негов потпис носат проекти како:
• Adora Flatiron Skopje (2017)
• Diamond Garden by Adora (2018)
• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)
• Влез на Адора во енергетика (2021)
Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.
Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.
Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.
Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена.
Со своите зборови ќе остане запаметен:
„Пред сè, треба да бидеме луѓе.“
Душко беше добар човек, сакан син, брат, пријател и визионер.
Почивај во мир. Засекогаш ќе недостасуваш.
„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа
што било, и секое утро за тоа што ќе биде.
Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса
за љубов, среќа и животот што го посакуваме.
Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека
Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта
со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив.
Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро.
Амин.‟
– Душко Чифлиганец