Бебе од само 45 дена донесено починато на Клиника за детски болести. .
-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.