Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги информира граѓаните дека во рамките на Фондот работи нов Кол Центар. Повикувачкиот број е 02/ 15 215, а времето во кое граѓаните, странките може да се јават е од 08 до 16 часот од понеделник до петок.
-Во Кол центарот можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на: старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија. Потоа најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица), остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом, информираат од ПИОМ.
ФПИОСМ со отворањето на новиот Кол центар прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги дава, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во негова надлежност.