Патиките на петкратниот НБА првак Коби Брајант, со кои го одигра својот дебитантски натпревар во почетниот состав на Лос Анџелес Лејкерс, се продадени на аукција за 240.000 долари, објави аукциската куќа SCP Auctions.
Брајант го имаше своето деби во дресот на Лејкерси на 28 јануари 1997 година, против Далас. Натпреварот заврши со резултат 102:83 во корист на ЛА Лејкерс, а Брајант постигна 12 поени и додаде три скокови и две асистенции.
Брајант беше избран од Шарлот на НБА драфтот во 1996 година и истата година беше продаден на ЛА Лејкерс каде ја мина целата своја кариера. Со Лејкерси освои пет шампионски титули (2000, 2001, 2002, 2009, 2010).
Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, во близина на Лос Анџелес. Во уривањето на леталото загинаа сите девет патници и членови на екипажот, вклучувајќи ја а 13-годишна ќерка на Коби Брајант, Џана.
Патиките од дебито на Брајант za Лејкерс продадени на аукција
