СВР Тетово поднесе кривична против двајца од струшкто село Велешта, му се заканувале на актуелен пратеник.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 18.05.2025 преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, информираат од МВР.