Директорката на Националната установа „Десет дена Крушевска Република” м-р Захарија Ангелеска одржа прес-конференција на која беше претставена програмата за годинашното издание на манифестацијата, која традиционално се одржува во чест на Илинден и Крушевската Република симболите на македонската борба за слобода и државност.
Во своето обраќање, директорката истакна дека програмата за 2025 година е внимателно осмислена, со почит кон историското значење на настанот, но и со цел да понуди богата и современа културно-уметничка содржина, која ќе го привлече вниманието на граѓаните од целата држава, како и на бројни гости и посетители од странство.
Манифестацијата ќе опфати концерти, изложби, театарски претстави, проекции, промоции на книги, уметнички перформанси, како и традиционалните свечени чествувања на Илинден.
Најавена е и посебна програма за младите, како и вклучување на локалните уметници, културни друштва и институции во реализацијата на настаните.
„10 дена Крушевска Република” не е само културна манифестација – таа е потсетник на нашата историја, вредности и стремежи. Ве повикуваме да бидете дел од настаните и заеднички да го одбележиме Илинден со гордост и достоинство.
Погледнете ја програмата:










