Претседателот на Собрание, Африм Гаши, кој од завчера е во болница, поради преплет на цревата се чувствува подобро.
Од Клиника за дигестивна хирургија велат кусо велат дека се уште се прават испитувања, но состојбата е добра.
-Се уште се прават контролни снимања, но е подобар и резултатите од испитувањата се подобри. Ќе го пуштиме дома, рече директорот д-р Огнен Костовски.
Гаши пред два дена бил примен во болница со болки, но без крварење или други посериозни симптоми.
Во текот на вчерашниот ден од Клиниката за дигестивна хирургија објавија дека тој е примен во болница поради преплет на цревата.
-Немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно, изјавија вчера од Клиника за медиумите.