МВР фати уште еден несовесен возач, кој бил пијан зад воланот.
-На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Тетово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94% промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик –„безбsирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.