Последниот случај со наоѓање на гуми и други материјали со намера да се запали шумата на Осогово, е уште еден од многуте, кои го докажуваат фактот тоа што во лето чади цела држава е во најголем дел е резултат на намерно потпалување. Зад ова пак, се крие еконмски интерес на тие што скаат на брз врата да заработат од уништувањето на зелените дробови – шумите.
Факт е и дека пазарот ги диктира цените на огревното дрво и дрвната маса, а законот не забранува продажба на опожарени дрвја што на истиот тој пазар се нуди по далеку пониска цена. Во ова, според познавачите може да се крие мотивот на потпалувачите, кои во позадина го имаат економскиот интерес.
Имено, Законот за шуми дефинира ЈП „Национални шуми“ да го санира опожарениот предел, да ги собере опожарените дрвја, кои потоа, во зависност од состојбата, одат на пазар. Цената зависи од квалитетот на понудената дрвна маса. Секако, оштетените трупци се нудат поевтино.
Во Ценовникот на „Национални шуми“ цената на дрвата се од 1.500 до 4.980 денари.
Веројатно тука може да се најде интересот на компании и индивидуалци, на кои дрвјата и дрвната маса им се бизнис и извор на заработка. Како што вели Војо Соколовски, претседател на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, лесно е да се најде малолетник, кој за ситни пари ќе потпали шума и никогаш нема да одговара. При тоа, штетите што се прават се огромни, а одговорноста е никаква.
-Интересот во палењето на шумите е економски. Има луѓе кои имаат бизнис со дрвја и по расчистувањето на шумските пожари, е прилика евтино да се набави дрвна маса. Оваа дрвна маса потоа ја продаваат од ЈП „Национални шуми“, кои поседуваат 90 отсто од шумите во Македонија, изјави Стојановски.
Како што додава Стојановски, има различни примери на модалитети како во одредени држави го решиле проблемот со потпалувачите. Некои држави како што е Бугарија, привремено забраниле да се продава опожарена шума. Други како Словенија, Австрија до толку ја развиле свеста кај луѓето, што палењето на шумите го сметаат за национално предавство.
Кај нас најмногу пари не се дваат на подигнување на свеста и кампањи, односно превенција туку на санирање на последиците од пожарите. Од државниот буџет за 2025 година, дури 16,6 милиони се за отстранување на последиците од шумските пожари, а само 1,3 милиони денари се за превенција. Законот е таков што не ја ограничува продажбата на опожарената маса. Токму поради тоа, „Национални шуми“ по големите шумски пожари во целата државата најголем дел од парите оо Програмата за проширена репродукција на шумите трошат најмалку за репродукција и садење на нови дрвца, туку за сечење на изгорените и култивирање на опустoшениот простор.
Само последните 20 години Македонија загуби 31.03% од шумите.
Стојановски смета дека има начин да се реши проблемот со шумските пожари, кои ни ги земаат зелените дробови.
-Државата да предвиди сериозни средства од мерките за рурален развој, како и да се стави ред во прометот со дрвна маса. Да се тргне со едукативна кампања уште од градинка. Секако, ова подразбира преземање на сложени мерки, вклучително и внесување на современи дигитиални алатки за набљудување и превенција на пожарите за навремено алармирање, како дрнови сензори и пред се’, засилување на казнената политика за потпалувачите, смета Соколовски.
Предизвикувањето пожар е кривично дело и во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години затвор.
В.К.