Од Кабинетот на претседателот на Собранито велат дека претседателот Афлим Гаши, кој вчера бил примен во болница, е во стабилна состојба.
-Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции, велат од Кабинетот.
Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Огнен Костовски за медиумите рекол дека Гаши е примен во болниц поради преплет на цревата.
-Примен е на нашата клиника и се лекува конзервативно. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно, изјави за „Слободен печат“ професор доктор Костовски.