По средбата со албанската дијаспора вчера во Тетово, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според медиумите на албански јазик, Гаши бил примен со болки, но без крварење или други посериозни симптоми.
Кабинетот на претседателот на Собранието сè уште не излезе од информации за здравствената состојба на Гаши, кој ја врши втората највисока државна функција. Нема информации дали Гаши е сè уште во Клиниката или е пуштен на домашно лекување по интервенцијата.