По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата за првпат доби своја претставничка на изборот за Miss Universe во Мексико, годинава следува ново, уште поголемо издание на оваа манифестација која полека прераснува во традиција.
Финалната вечер на „Мис Македонија 2025“ ќе се одржи на 25 септември во Националната Опера и Балет во Скопје, а за првпат, наместо една, ќе бидат избрани пет победнички, кои ќе ја претставуваат Македонија на пет различни интернационални сцени: Miss Universe, Miss World, Miss Cosmo, Miss Grand International и Miss Supranational.

„Минатата година покажавме дека Македонија има капацитет да организира манифестација од светски ранг. Оваа година одиме чекор понатаму, со повеќе можности за нашите девојки и со амбиција ова да стане настан кој секоја година ќе го става фокусот врз македонската убавина, култура и потенцијал,“ – вели Шакир Села, главен организатор на изборот.