албнските медиуми јавуваат дека 66-годишен македонски државјанин го загубил животот вчера на плажа во близина на Каваја.
Според првичните информации, се претпотавува дека доживеал срцев удар веднаш откако влегол во морето.
Како што соопшти албанската полиција, мажот, кој бил турист веднаш по влегувањето во вода се онесвестил и потонал.
„Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, информираа службите во Албанија.
Очевидци кои се наоѓале на плажата се обиделе да му помогнат, но и покрај нивните напори и брзата реакција на службите за итна медицинска помош, лекарите само ја констатирале смртта на лице место.
Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.