По успешната „Ломи ме“, која излезе пред околу еден месец и наиде на одличен прием од публиката, Огнен Здравковски повторно допира до емоциите – овој пат со својата најнова песна „Нема те“.
Во време кога паралелно работи на нови песни наменети за пазарот во соседството и активно учествува во продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, Огнен уште еднаш докажува дека неговата инспирација не запира. „Нема те“ е повеќе од песна – тоа е музичка исповед. Делo кое ја отсликува болката од загубата, љубовта што останува како лузна, како тивко ехо во срцето. Музиката и аранжманот се потпишани од Димитар Андоновски, додека текстот е дело на еден од најбараните и најценетите балкански текстописци – Милан Милетиќ.
Песната доби и визуелен израз во форма на видеоспот што плени. Снимен на неколку магични локации, делумно во прекрасниот хотел „Изгрев“ во Струга, а видеозаписот нуди мирни пејзажи кои совршено се надополнуваат со интензитетот на песната.
Зад продукцијата стои српската Сник медиа, а режијата ја потпишува Никола Шуњевиќ во соработка со македонскиот креативец Дарко Јовановски – Даре Дете, кој со својот сензибилитет внесе душа, топлина и личен печат во секој кадар.
„Нема те“ е уште една потврда дека Огнен Здравковски е уметник кој расте, созрева и се осмелува да чувствува и да ги пренесе своите емоции. Неговата музика, талент и визија сè повеќе ја надминуваат домашната сцена и добиваат внимание и во регионот. А кога ќе се спојат искрена емоција, врвна музичка продукција и природна убавина – резултатот е парче уметност што допира до срцето.