По враќањето од САД, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците се очекува да ги објави имињата на кандидатите за градоначалник во општините, каде во договор со ДУИ се определени за неговата партија. АА доби четири општини – Гостивар, Сарај, Теарце и Врапчиште. Во Гостивар се очекува објавата на актуелниот градоначалник, д-р Валбон Лимани, кој го замени Таравари по неговото заминување во извршната власт. За Сарај кандидат на АА е Блерант Рамадани, Назим Таипи за Теарце и Исен Шабани, кој ќе „трча„ за трет мандат за градоначалник на општина Врапчиште.
Лутиот ривал на Таравари – Зијадин Села со кого влегува во коалиција, ќе предложи кандидати за градоначалник за Струга, за Дебар и Арачиново. ДУИ синоќа ги соопшти кандидатите за градоначалници и носители на листи за Советите во неколку општини.
-Иден градоначалник на Општина Чаир ќе биде д-р Бујар Османи, иден градоначалник на општина Тетово ќе биде Бајрам Реџепи, за Желино Емир Сулејмани, носител на листа во Општина Гостивар ќе биде Валди Џафери, носител на листата во Општина Струга ќе биде Фатон Положани, изјави Арбр Адеми, портпарол на ДУИ по тричасовната средба на Генералниот совет на ДУИ.