СВР Охрид информира дека од плажа бил донесен починат маж од Босна.
-На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан” бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Според информации на ММС се претпоставува дека мажот имал здравствени проблеми, бидејќи починал додека лежел на плажа.