Во запален стан на четврти кат на колективна станбена зграда на улицата „Благој Јанков Мучето“ во Струмица пожарникарите пронашле починато лице. Утврдено е дека се работи за маж, за чија смрт се очекува обдукцијата да го каже конечниот збор.
На 17.07.2025 година (четврток), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал, во станот беше пронајдено починато лице. Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани, соопштија од ППЕ Струмица.
За причините за пожарот се очекува надлежните институции да постапат.
Фотографија: ТППЕ Струмица