Попладнево изби пожар на влезот во Скопје, меѓу индустриската зона и Рафинерија, поточно кај селото Мршевци.
Како што може да се види од видеата на наши читатели гори сува трева, а поради големиот чад се е замаглено.
-Поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во селата Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац. Во Скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта, информират од ЦУК.