СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
-Во текот на 2023 година, пријавениот набавил фалсификувана диплома од средно училиште од Скопје и ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавно претпријатие во Куманово, информираат од МВР.