Комбинацијата од сочно овошје и облак од шлаг создаваат неодолива хармонија. Можете да ги послужите печените праски и со сладолед од ванила и да ги декорирате со листови од мајчина душица.
Состојки:
- 2 зрели праски
- 4 лажици путер
- 1 лажица мелени бисквити
- 1 лажица цимет
- 200 мл шлаг
За декорација: - мед
- зачини (босилек, мајчина душица)
Подготовка:
Добро измијте ги зрелите праски, а потоа пресечете ги на листови. Растопете го путерот, потоа додадете ги мелените бисквити и шеќерот со цимет. Со четка нанесете ја смесата на листовите праски. Печете ги праските на тефлонска тава неколку моменти. Мешајте го шлагот со електричен миксер додека не ја добиете посакуваната текстура. Ставете го шлагот на чинија за сервирање и додадете ги печените праски.
Сервирање:
Ставете мед врз сè, наросете со билки по ваш избор и сервирајте.
Совет:
Можете да ги сервирате печените праски и со сладолед од ванила.