Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем.
-Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство, информираат од МЗ и додаваат:
-Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности”, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, се вели во соопштението.
Основното јавно обвинитество го потврди случајот, но најавува детали за утре.
-ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка. Се уште се превземаат дејствија, така што повеќе информации утре, велат од ОЈО.