Возот за Богомила синоќа по 21 часот близу два часа стоел кај Велес, додека патниците останале без информации што се случува и кога ќе може да продолжи нивното патување. Студенти кои патувале за Велес го контактирале профилот на „Студентарија“ со информации дека чекаат некој да им каже кога возот ќе продолжи.
Возот што тргнал во 20:05 минути од Скопје за Богомила се расипал и во меѓувреме се чекало пристигнувањето на друга локомотива, со која патниците потоа некаде околу 23:30 часот го продолжиле патувањето.
„Македонски железници се претворени во лотарија – не се знае дали ќе стигнеш, дали ќе заглавиш, дали некој ќе те извести, пишува во објавата на „Студентарија“,
Додека редовно се случуваат вакви инциденти, локомотиви кои прегреваат на високи температури, забавуваат при движењто поради руинираните пруги, од македонската Владата најавуваат проект со кој ќе може да се патува со возови кои ќе возат и по 160 километри на час. За овој проект ќе се потроши 1,3 милиони евра.