Во раните утрински часови изби нов пожар на планината Готен, на територија на општина Василево, над м.в. Слепи Дол и м.в Орлов Камен, во близина на селото Нивичино, информираат од ТППЕ Струмица.
-На лице место веднаш се упатени тимови од ТППЕ Струмица и ЈП Национални шуми. Се работи за тешко пристапен терен преку кој на местото на пожарот може да се пристапи единствено пешки. Се очекува воздушна поддршка, пишуваат пожарникарите од струмица.
Кире Михаилов, заменик директор на „Македонски шуми“, пак информира дека поради непристапноста на теренот, екипите пешачат или се префрлаат со трактори од Нивичино до линијата на огнот.
-На пат е и воздушна поддршка, а поради близината на брана Турија, сметаме дека поддршката од воздух ќе биде доста ефикасна. Од страна на општина Василево ќе биде обезбедена и механизација да помогне во гасењето на овој пожар. Доколку не успееме да го решиме овој пожар, истиот е блиску до тромеѓето и може да навлезе на териториите на општините Берово и Радовиш за кое нешто ќе бидат известени градочалниците на овие општини да бидат подготвени и за такво сценарио, напиша тој на својот профл на Фејсбук.