Основното јавно обвинителство информира дека увидот по пожарот во Крива Паланка е само делумно завршен, бидејќи се уште постои опасност од разгорување.
-Во однос на пожарот вчера во близина на Крива Паланка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција на телото на едно починато лице. Увидните дејствија се делумно завршени, бидејќи на дел од опожарената локација се уште постои опасност од разгорување и не се создадени услови до овој момент, информираат од ОЈО.