Сергеј Ќетковиќ на 3 август во придружба на Битолскиот камерен оркестар ќе настапи во магичниот амбиент на охридскиот Антички театар. Ќетковиќ ветува незаборавна вечер исполнета со многу музика, хитови и, пред сѐ, одлична атмосфера каква што само тој умее да приреди.
Вели, од Охрид и концертот во градот под Самоиловата тврдина очекува многу, особено што таму ќе престојува неколку дена.

„Охрид ми е магија, едвај чекам да дојдам. Ќе „украдам“ неколку дена за да уживам и, се разбира, да си ги разгалам сите сетила и со преубавата природа, но и со автентичната храна“, вели Сергеј, еден од ретките музичари за кого велат дека не е само голем уметник, туку и голем човек.
Дека е навистина така, зборува неодамнешната случка која ја преточи во соработка. Но, по посетата на една белградска кафеана на познатата Скадарлија запеа со улични свирачи, а токму со едниот од нив, Милан Балиновиќ, деновиве го преработи и неговиот хит „Нису ми дали да те волим“ и сега имаат нова, дуетска верзија. Сосема очекувано охридскиот концерт нема да биде само музичко случување, туку и преточување во реалност на една негова голема желба – да запее во Античкиот театар. Влезниците за охридскиот концерт чинат од 900 до 1500 денари, а може да се набават преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=153, и на продажните места Кај Аждер – Охрид, Саде-С Тобака – Скопје, Да-Ми компани Тобако – М.А. Ченто, Тобако 51 – Прилеп, City Point (позади Нама & во Citymall) – Штип и Димпо Тобака – Битола.