Директорот на ДЗС, стојнче Ангелов велид ека пожарно, кој од недела попладне беснее во Чуер сандево е подметнат и тоа не со фрлен отпушок од цигари, туку со пелет, најверојатно плиени со бензин.
-За пожарот кој во недела попладне изби покрај магистралниот пат Скопје- Блаце се појавија нови индиции дека е подметнат. На местото каде изби пожарот бев за 15-20 минути таму и видов дека линијата е многу широка за пожар, кој би избил поради отпушок од цигара. Утрово на неколку места наидовме на дрвени палети претходно најверојатно премачкани или прелиени со бензин и фрлени. Утрово некој намерно се обидуваше да го реактивира овој пожор, кој е под контрола. апелирам до граѓаните ако забележат сомнитено однесување, особено оние кои носат дрвени палети, веднаш да пријават на 112, вели Ангелов и додава:
-Не е точно дека вчера манастир или црква биле во опасност, не е точно дека изгореле три куќи во Чучер. Не дозволивме да изгори ниедна куќа, благодарение на хрбрата реакција на скопските пожарникари, пилотите на армијата и МВР, но и н локалното население кое си ги бранеше сопствените домови, кажа Ангелов.