Во Штип и оклината деновиве се снима филмот „Човек против јато“, новиот игран проект на Тамара Котевска, која е најпозната како корежисерка на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година.
Дејствието на филмот е сместен во рурална Македонија, каде што изградбата на нов автопат од Кинези, што го нарушува мирот на едно мало село. Приказната ја истражува конфликтната точка меѓу традицијата и модернизацијата, при што локалната заедница се соочува со длабоки промени и предизвици.
Режисерката Тамара Котевска рече дека дејствието на филмот е базирано на вистински настан, за едно семејтво кое се наоѓа од две страни на тој автопатот – членови кои се против автопатот и членови кои работат на неговата изградба. Штип е една од локациите за сетовите.
-За мене лично овие предели се доста инспиративни, ова е трет филм кој се снима во оваа област. Секој пат кога се наоѓам овде за мене е посебна магија, природно, спонтано излезе да ја најдеме локацијата тука,не ни знаев дека е Штип и кога ми ја покажаа, реков, тоа е тоа, изјави Котевска.
Главни актери се Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ,Горан Богдан и актери од Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија.
Продуцент е Видео студио Петковски, а филмот е копродукција со партнери од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора.
Финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ (325.000 евра) и Еуримаж (265.000 евра)
Новиот директор на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој е неполн месец на чело на Агенцијата рече дека особено му е драго што е поддржан еден ваков филм, зад кој стои името на Тамара Котевска.
-Тамара е дел од една мошне силна група на женски автори, женски режисерки коишто многу доминираат во Балканот и во Европа, а како штипјанец сум многу горд што филмот се снима во Штип и Штип уште еднаш се покажа како дом на сите уметности и многу се радувам што сме сите овде, рече Мицевски.
Со ребалансот на Буџетот се очекува Агенцијата за филм да добие 145 милиони денари за враќање на долговите, а со законски измени се овозможи 3 проценти од приходот од игри на среќа повоторно да се намени за филмска дејност.