СВР Штип информира за пожар,која се случил ноќеска во Кочани.
-Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема. Во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани, информираат од МВР..