Зоран Ридан Цели и Кире Науновски вечерва блеснаа во финалето на балканското шоу „Никад није касно“.
Кире Науновски со 12126 гласа победи на Фејсбук гласањето, додека Цеки освои 2805 гласови.
-Не очекував, големо благодарам до сите што гласаа, рече Кире возбуден по прогласување на победникот.
Во ова шоу победник има и по СМС гласање. На ова гласање со 1156 второто место го освои Кире, додека Цеки освои 7683.
Победник од жирито, пак, е Марко Јанковиќ -Блек.
Од стручното жири за нашите преставници Цеки И Кире гласаа:
Цеки: доби осум гласа од Елвира Рахиќ, 12 од Урош Живковиќ, осум од Тијана, два од Дејан Петровиќ, осум од Љубица Вранеш, пет од Милош Бркиќ, пет од Рада Манојловиќ, седум од Кики Лесандриќ, 10 од Калиопи, седум од Зијо Валентино, 10 од Џенан Лончаревиќ, седум од Саша Матиќ, осум од Александра Младеновиќ, пет од Шемса Суљаковиќ, шест од Неда Украден, еден од Кеба,
Кире: доби 10 од Урош Живковиќ, еден од Стефан Петрушиќ, седум од Тијана, 10 од Дејан Петровиќ, два од Љубица Вранеш, осум од Милош Бркиќ, 12 од Рада Манојловиќ, четири од Кики Лесандриќ, два од Калиопи, четири од Зијо Валентино, седум од Халид Муслимовиќ, два од Синиша Вучо, три од Шемса Суљаковиќ, четири од Неда Украден, осум од Кеба,