Актуелниот првак во македонскиот женски фудбал, ЖФК Љуботен од Тетово денеска ги дозна противничките екипи за квалификацискиот турнир во рамки на Лигата на шампиони во женска конкуренција. На жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ЖФК Љуботен се најде во група 3 со екипите на НСА Софиа (Бугарија), НСИ Рунавик (Фарски Острови) и Пјуник (Ерменија), а турнирот ќе се игра во Скопје.
-Домаќин на мини турнирот е нашата екипа, а натпреварите ќе се одиграат на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Се надеваме на одлично претставување на Македонија на овој турнир, информираа од ЖФК Љуботен.
Во полуфиналниот дуели на 30 јули, ЖФК Љуботен ќе игра со НСИ Рунавик (Фарски Острови), додека НСА Софиа се среќава со Пјуник. Победниците ќе играат во финалето на 2 август.