МВР информира за починат маж пронајден во стан во Карпош.
-На 23.06.2025 во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Љ.И. (32) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.