Израелската влада објави дека се согласила со предлогот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп. Во соопштението, исто така, се наведува дека Израел „решително ќе одговори на секое кршење на прекинот на огнот“.
Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи „клучните цели на операцијата против Иран се постигнати“.
Израелските власти велат дека отстраниле „двојна непосредна егзистенцијална закана од Иран, онаа од нуклеарно оружје и балистички ракети“. Израел, исто така, тврди дека нанел „тешки загуби на военото раководство на Иран“ и дека „десетици клучни цели на иранската влада“ биле уништени во нападите.
Според истото соопштение, на последниот ден од операцијата, израелските сили „погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баси, милиција што ја користат иранските власти за потиснување на протестите, и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник“.
„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминирањето на иранската нуклеарна закана“, се вели на крајот од соопштението, пренесува индекс.хр.