Општина Штип известува дека на 21.06.2024 година (сабота) во раните утрински часови ќе се спроведе втора (2) адултицидна (терестичка) дезинсекција и трета (3) ларвицидна дезинсекција на територијата на општината, со цел уништување на популацијата на комарци.
Прскањето ќе се изврши по следниот распоред:
- Адултицидна (терестичка) дезинсекција: од 01:00 до 04:00 часот
- Ларвицидна дезинсекција: од 05:00 до 07:00 часот
Дезинсекцијата ќе ги опфати сите зелени површини во општина Штип, подрачјата околу реките Брегалница и Отиња, застојните води, како и подрачјата околу каналниот систем, урбаните населби и локалитетите на територијата на општината.
Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветар и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22