Официјален Пекинг соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп со советот за жителите на Техеран да го напуштат градот и Иран да го потпише договорот „долева масло на огнот“ во израелско-иранскиот конфликт.
Долевањето масло на огнот, упатувањето закани и притисокот нема да придонесат за смирување на ситуацијата, туку само ќе ги зголеми тензиите и ќе го продолжи конфликтот, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.
Тој додаде дека Кина ги повикува сите засегнати страни, особено „тие кои имаат влијание врз Израел, да се однесуваат одговорно и да преземат итни мерки за намалување на тензиите и спречување на ширење на конфликтот“.